Вести Македонија Топ вести

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Вреди  пред членовите и поддржувачите ги презентираше резултати од две годишното учество владата.  Над 300  инфраструктурна проекти се  реализирани  во општините каде Албанците се мнозинство велат првите луѓе на партијата.

  • Околу 308 проекти се реализирани досега, што е огромна разлика помеѓу владеењето на Вреди во 24 месеци и претходното владеење на ДУИ од 24 години, кога не беа реализирани повеќето од капиталните инвестиции во локалната самоуправа. Дел од инвестициите се Коридорот 8, сега веќе потпишувањето на договорот за автопатот што треба да се изгради до Блаце, стимулирање на младите за отворање мали и средни компании – околу 2.500 поддржани компании од страна на Министерството за економија, и вработување и унапредување на над 2.500 Албанци во јавната администрација, а има уште многу други проекти – Беким Сали, генерален секретар на ВРЕДИ.

Две години по спектакуларните ветувања нема ништо – вака ДУИ ги критикува вреди. Поставија серија прашања меѓу кои каде се уставните измени,  рамноправноста на албанскиот јазик, албанската академија на науките и ументостите,  министерството за дијаспора, каде се автопатите железниците и инвестициите

  • Одговорот е еден и единствен ги нема не постојат . Постојат само во изборната прпограма  од 2024 . Затоа името што денеска најдобро ја опишува оваа групација е името што граѓаните вече им го дадоа НИШТО . Затоа што по две години власт резултатот е токму тоа, само едно ништо. ДУИ оценува дека Албанците заслужуваат сериозна политика одговорност и резултати – Арта Билали Зендели, ДУИ.

За критиките од ДУИ дека се попусливи во владината коалиција  и за протестите со кои се соочуваат,  од вреди велат дека   проблемите со правосудниот испит и  имињата на улиците во Тетово се резултат на импровизација од владеењето на нивните претходници кои сега тие ги решаваат еден по еден со почитување на законските процедури.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе