Вести Најважни Свет

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Челновите на семејствата на жртвите од земјотресот во Венецуела доаѓаат да ги идентификуваат телата чиј број постојано расте. Во една погребна куќа се чуваат околу 200 тела додека роднините надвор чекаат во ред.

Електричарот Ернесто Рохас имаше среќа да биде пронајде после пет часа поминати под урнатините, вели силно врескав и мислам дека тоа ме спаси.

  • „Бев 5 часа под урнатините. Ние со Рохас и неговата сопруга разговаравме првиот час додека таа не падна, замолкна, таа повеќе не ми проговори. Станав навистина очаен во тој момент. Врескав толку многу што мислев дека добивам срцев удар. Продолжив да врескам и да врескам и мислам дека тоа ме спаси“ – Ернесто Рохас, електричар.

Интензивната потрага продолжува, голем број меѓународни спасувачки екипи се приклучуваат во потрагата.

  • „Тоа е влијателен и сложен процес; користиме тешка машинерија, што исто така претставува многу опасна техника за самите спасувачи, бидејќи структурата е нестабилна. Значи, кога отстрануваме дел, проверувајќи го секој, ги користиме очите, мирисот и сите сетила“ -Мигел Анхел Гарсија Салинас, член на спасувачкиот тим Топос Ацтекас.

Бројот на загинати надмина 1.430 луѓе, според владини претставници бројка се очекува да продолжи да расте. Илјадници се повредени, а десетици илјади се пријавени како исчезнати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе