Вести Македонија Најважни

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

На последното рочиште во судницата доживеавме нешто што не смееме и неможеме да го прифатиме, едно големо разочарување од страна на судот, порачаа семејствата на загинатите млади луѓе на денешниот 46 ти Марш на ангелите во Кочани, кој почна во Паркот на револуцијата.

Пред Основниот суд во Кочани поставија и прашање како ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите и дали со нивното изведување и начин на презентирање им станува јасно на обвинетите дека се открива се што имаат направено за да настане трагедијата.

Реагираа и што судот искажал непочитување и дал укор кон нив, кои даваат поддршка на обвинтителката.

  • Кон кого е потребно да се обратиме за контрола и правилен тек на судењето? Дали во оваа држава постојат надлежни за да не дозволат и овој судски процес да заврши со однапред договорен исход, позадински влијанија, прикривање на вистината наместо правда пред законот? Дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур? На последното рочиште не видовме борба за утврдување на вистината туку се уверивме колку лесно во судница центарот на вниманието може да биде дозволен бунт – реакција за заштита на обвинетите од вистината – рече Александар Наунов татко на Надица Наунова.

Тој праша дали ова ќе се применува и откако обвинетите ќе ги изведуваат своите докази и на нив оштетените ќе им дозволи судот да се оттргне вниманието од суштината и од нивната теза.

  • Напуштањето на судницата од страна на оштетените е поддршка на обвинителката Наташа Сарамандова и обвинителството, а ние нема да се откажеме и понатаму да го следиме секој момент, секоја неправда и ќе се бориме до последен момент за вистината!, рече Наунов на денешниот Марш на ангелите.

Нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата на Румен Радев

Дејан Дејан

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе