Вести Македонија Топ вести

Изгор денови, на места и до 39 степени, спарни ноќи – топол бран до средината на наредната недела

Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на наредната недена нè очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне и 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од ЗНАМ не го потврдуваат заминувањето на Филков од ресорот Правда

Дејан Дејан

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе