Uncategorized Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки“.

„Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста.

Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт“, пишува во партиското соопштение.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

Дејан Дејан

ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма, бара СДСМ

Дејан Дејан

На 89-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе