Вести Свет Топ вести

Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана

Американскиот Сенат контролиран од републиканците, усвои резолуција со која се бара претседателот Доналд Трамп да ја запре воената операција против Иран или да побара одобрение од Конгресот за продолжување на воените активности.

Но, резолуцијата е во голема мера симболична бидејќи, дури и по усвојувањето во двата дома на Конгресот, таа нема да биде испратена до Трамп на негово разгледување и нема сила на закон.

Група републиканци им се придружија на демократите во вторникот на гласањето со 50-48. Истата мерка беше усвоена од Претставничкиот дом на САД претходно овој месец.

Ова дојде откако републиканците во Конгресот изразија скептицизам во врска со мировниот план што Трамп го договори со Иран, а воениот конфликт влезе во петтиот месец.

Трамп ја оцени одлуката како „безначајна“ и „лошо темпирана“.

„Иран е подготвен да падне на есен,  а американскиот Сенат одлучува да има лошо темпирано и бесмислено гласање за Законот за воени овластувања“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

„Овие сенатори само ми ја отежнаа работата, но ќе ја завршам, на еден или друг начин, бидејќи секогаш ја завршувам!“- напиша тој.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

Дејан Дејан

ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма, бара СДСМ

Дејан Дејан

На 89-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе