Вести Македонија Топ вести

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Замената на, од Уставниот суд, укинатиот балансер, во форма на Закон за соодветна и правична застапеност, ја почна собраниската расправа со опозициски тврдења за обид за мајоризација врз немнозинските заедници, за решение со форма наместо содржина  кое не го споменува Охридскиот рамковен договор кој е основа на рамномерната застапеност на граѓаните.

Вицепремиерот Беким Сали кој го застапуваше законот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, се изјасни дека не ги прифаќа амандманите

Поради што сите опозициски амандмани не ја добиваа потребната поддршка, а претставниците на владеачката ВРЕДИ со контра обвинувања дека амандманите на ДУИ и албанската опозиција имаат за цел- блокада на законот.

Некои од опозициската страна предупредуваа дека без јасни критериуми за етничка припадност ќе има злоупотреби кон Албанците, а дискусијата на Зијадин Села предизвика и конфронтација со владеачките пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не дебатираа на говорница, но видоа закани во излагањето.

Во комисијата се расправаше само за 4 амандмани од десетината поднесени на опозицијата, но не беше прифатен ниту еден. Законот треба да ја подобри систематската ефикасност и рамноправност на сите етнички заедниц, стои во предлогот доставен до пратениците и регулира како процентуално ќе се мери застапеноста, со почитување на правилата за квалитет и способност на сите кандидати за работа во државно.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе