Вести Македонија Топ вести

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Оправдано било поништувањето на помилувањата на Иванов  по што продолжија кривчните постпаки против обвинетите од СЈО пресуди европскиот сауд зач овкови права во апликацијата на еск градоначалникот на Битола Владимир Талевски, екс министерот Миле Јанакиески и Коста Митровски.

Судот ја земал предвид исклучителната природа на ситуацијата создадена со одлуката на тогашниот претседател да им даде помилување на јавни службеници, вклучително и високи личности од неговата политичка партија, без валидна законска основа и со кршење на владеењето на правото.

На 12 април 2016-та Иванов ослободи од кривично гонење  56 лица. По бурните реакции и протисти во мај беа донеснеи законски измени  кои му овозможија на претседатлеот  да ги поништи  претходно дадените помилувања по што тој ги прогласи за ништовни.

  • ЕСЧП: Со донесувањето на Законот за помилување од 2016 година, законодавецот настојувал да го врати владеењето на правото преку обезбедување јавните функционери, вклучително и оние на највисоки функции, кои добиле имунитет од кривично гонење од претседател што постапувал без валидна правна основа, да бидат изведени пред лицето на правдата. Поради тоа, Судот сметал дека потребата да се зачува одговорноста на јавните функционери и да се обезбеди тие да не бидат ставени над законот имала поголема тежина од потребата да се заштити правната сигурност.

Европскиот суд (ЕСЧП) утврди повреда на правото на правично судење на Јанакиески и Митровски . Државата треба да им исплати по 3.600 евра на име нематеријална штета. Тие се жалеле бидејќи не им бил доставен примерок од поднесокот на вишиот јавен обвинител во постапката пред Апелациониот суд. Според судиите од Стразбур обврска на националниот суд била да обезбеди апликантите да имаат можност да се запознаат со писмените забелешки на обвинителството пред донесувањето на одлуката.

  • ЕСЧП: Судот оцени дека условувањето на запознавањето на одбраната со ставовите на обвинителството исклучиво од нејзиното присуство на жалбената расправа претставува непропорционален товар за одбраната и не обезбедува нужно реална можност за коментирање на тие ставови. Иако апликантите подоцна поднеле барања за вонредно преиспитување пред Врховниот суд, тој вид на преиспитување бил ограничен по обем и не ги опфаќал сите прашања покренати во поднесоците на обвинителството пред Апелациониот суд.

 Прашањето за тоа дали еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана се најде пред судот во Стразбур и претходно. Во 2023  судиите  ги отфрлија  жалбите на Груевски, Мијалков, Јанкуовска , Јанакиевски, Талевски и останатите како недопуштени и преуранети. Тогаш предметите на СЈО се уште беа  пред пониските судовите и не беа исцрпени сите домашни правни лекови мегу кои и Врховниот суд.

Во меѓувреме дел од предметите мегу кои и Транспортер против Талевски станаа правосилни. За дел од обвинетите гонењето застаре а има и такви кои се уште се во судска постапака.

Eлена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе