Вести Свет

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Контроверзниот туристички проект на албанскиот брег, поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикува сè поголемо незадоволство во Албанија.

Илјадници демонстранти повторно излегоа на улиците на Тирана барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

Протестите, познати како „револуција на фламингата“, секојдневно привлекуваат нови поддржувачи, вклучувајќи и Албанци кои живеат во странство.

Демонстрантите предупредуваат дека планираниот луксузен туристички комплекс може сериозно да ја загрози животната средина и природните живеалишта на заштитени видови птици.

Владата тврди дека проектот ќе донесе големи инвестиции и ќе ја позиционира Албанија како атрактивна дестинација за висок туризам.

Сепак, критичарите сметаат дека економските придобивки не смеат да бидат на сметка на природното богатство на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Трагедија во Франција: Загина еден од основачите на „Ubisoft“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе