Вести Свет

Трамп продoлжи со нападите кон италијанската премиерка

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Во објава на неговата социјална мрежа тој го поврза наводното барање на Мелони да се фотографира со него со намалената популарност на италијанската премиерка и нејзината надворешна политика.

„Италијанската премиерка Џорџија Мелони постојано бараше да се фотографира со мене за време на состанокот на Г7 во Франција“, напиша Трамп и додаде дека  „нејзиниот рејтинг  е низок, можеби затоа што им го сврте грбот на Соединетите Држави, земја што навистина ја сака и ја штити Италија, кога стануваше збор да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје“.

„Сега кога Соединетите Држави воено го победија Иран, таа би сакала повторно да бидеме пријатели за да и се покачат бројките“. Не, благодарам!!!“, ја заврши својата објава Трамп.

Џорџија Мелони остро одговори на најновите коментари на Трамп  отфрлајќи ги неговите тврдења. „Овие постојани, неиспровоцирани напади се бесмислени“, напиша таа.

„Што се однесува до мојата популарност, пријателството со тебе сигурно не помогна ниту  зависи од мојот однос со тебе“.

„Мојата популарност не е твоја грижа. Ти предлагам да се фокусираш на твојата“, додаде таа.

Мелони се сметаше за еден од најблиските политички сојузници на Трамп во Европа. Таа присуствуваше на неговата инаугурација во јануари 2025 година и беше единствениот европски лидер присутен на церемонијата.

Пред оваа вербална војна, Мелони го критикуваше Трамп откако тој го нападна папата Лав XIV поради осудата на војната во Иран од страна на папата.

Трамп одговори обвинувајќи ја италијанската премиерка дека не е е доволно храбра со што се продлабочија поделбите на она што некогаш се сметаше за силно политичко партнерство.

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе