Во железничка несреќа во Минхен, едно лице е тешко повредено откако два вагони од товарен воз излетале од шините и паднале од мост. Според германската полиција, вагоните се одвоиле од композицијата и паднале од височина од околу пет метри.
Надлежните служби соопштија дека засега не е познато што точно превезувал возот, но нагласија дека товарот не претставува опасност за жителите во околината. На местото на несреќата веднаш интервенирале спасувачки и полициски екипи.
Инцидентот се случил на железничка линија што претежно ја користат товарни возови.
Од германската железничка компанија Дојче Бан информираа дека причините за несреќата сè уште се истражуваат.
