Вести Македонија Најважни

Ги убивал, па мртви ги силувал, три од жртвите се убиени на Бадник – обвинение за серискиот убиец

Задоволувал полови страсти врз мртви жени, но можно е да убил и две жени во ист ден и тоа на верскиот празник Бадник. Ова се најгрозоморните факти поврзани со серискиот убиец кој една година никој не го разоткри. Тој уби па силува четири жени во регионот на кумановско Старо Нагоричане, а се обидел да убие уште две. Обвинителството ја заврши истрагата започната во февруари, откако изврши и четири есхумации, од кои во три се покажа дека жените закопани како починати од природна смрт, сепак се жртви на убиец. Денеска го поднесе обвинението за четири убиства и два обиди за убиство против 25 годишниот Трајко Бојковски.

Со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Согласно извршените вештачења во текот на истрагата делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела, велат од Јавното Обвинителство Куманово.

Според обвинителството првото убиство кое беше разоткриено после есхумација и отворена истрага, се случило ноќта петти наспроти шестти јануари 2025 во селото Клечовце. Тој со умисла влегол во куќата на жена која спиела, ја нападнал и ја задушиил. Според обвинението починала од многубројни скршеници и повреди од кои не можела да дише.  Второто убиство го извршил исто така во периодот од 5 до 7 јануари лани но во Драгоманце, и тоа на сличен начин со умисла, пишува обвинителството. Следните две убиства се случиле повторно во јануари но годинава. Двете жени живееле во Челопек, а Телма веќе пишуваше за овие убиства. Една од нив е 78 годишната Мира С. Која живеела сама и која беше пронајдена мртва после речиси еден месец од убиството и после кој настан беше откриен серискиот убиец. И неа ја убил на верскиот празник Бадник односно на 5 наспртои 6 јануари годинава. Последна жртва која беше есхумирана беше помлада, 35 годишна Марија, за која знаел дека живеела сама и ја нападнал во доцните вечерни часови на 17 јануари. Тој безуспешно се обиде да убие уште две стари жени, но се исплашил.

Настан е евидентиран на 22.07.2025 година во с. Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал. Последниот евидентиран настан е на 09.02.2026 година во с. Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Билјана Николова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе