Вести Свет

Новите напади на Израел врз Либан дополнително го отежнуваат продолжувањето на преговорите меѓу САД и Иран

Најмалку 18 лица загинаа во последните израелски напади во Либан, ден откако Соединетите држави и Иран го потпишаа меморандумот за разбирање, како што официјално е познат рамковниот договор кој двете страни го постигнаа по повеќе од два месеци преговори. Израел, кој соопшти дека уништил 80 цели на Хезболах само во текот на минатата ноќ, како одговор на загинувањето на четворица израелски војници во претходен напад на Хезболах.

Се вративме назад, но потоа повторно моравме да заминеме затоа што тие бомбардираат. Се вративме затоа што рекоа дека е прогласено примирје, и сега пак заминуваме, изјави за западните медиуми раселениот Либанец, Касем Саада.

Иако и двете страни претходно се согласија да ги прекинат борбите по објавувањето на американско иранскиот договор, сепак на терен судирите продолжуваат, што покренува прашања околу целокупниот договор. Не само што не запираат судирите во Либан, туку Израел категорично одбива да ја повлече армијата од територијата на својот северен сосед, инсистирајќи дека конфликтот со Хезболах нема никаква врска со војната со Иран.

Оваа војна нема да заврши, и за ова прашање ќе му се спротивставиме и на претседателот Трамп. За нас ова е прашање на живот и смрт. Нема да се повлечеме додека не постигнеме само две работи, и тие не можат да бида појасни, а тоа е безбедноста на нашите села, нашите граѓани и мир со Либан, тврди Стефан Џуфа, израелец од пограничниот регион со Либан.

Дополнителна сенка врз договорот фрли, прво, откажувањето на планираното негово потпишување во Швајцарија а потоа и најавената средба меѓу делегациите од двете земји предводени од високи функционери. Потпретседателот ЏД Венс, кој требаше да ја предводи американската делегација, изминативе денови по објавувањето на договорот, ги посвети на негова одбрана од жестоките критики, особено од американската опозиција.

Мислам дека планот за мир со Иран на претседателот веќе дава резултати за Американскиот народ. Минатата ноќ, 12,5 милиони барели нафта поминаа низ Ормускиот теснец. Тоа е голема количина од почетокот на конфликтот. Цената на нафтата се намали речиси на нивото од пред војната, порача венс.

Од тоа што досега беше објавено во врска со содржината на меморандумот за разбирање, јасно е дека има доволно за и двете страни, и Вашингтон и Техеран, пред својата домашна јавност да го претстават како победа. Начинот на кој тоа го направија веднаш по објавувањето дека успеале да постигнат договор, само докажува колку и двете страни барале начин како побрзо да излезат од овој конфликт.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе