Вести Економија Топ вести

ЕСМ ќе испорачува помалку струја за домаќинствата- ќе има ли поскапување ?

Наместо целосно да ги покрие потребите од струја на домаќинствата и малите потрошувачи, ЕСМ идната година на Универзалниот снабдувач ќе му испорача 30 отсто помалку електрична енергија од своите капацитети или 70 отсто.  Ова е дел од обврските пропишани со европската реформската агенда. Со оглед на тоа што количините кои сега се добиваат од државните електрани, догодина  ќе треба да се обезбедат на отворен пазар, каде цените генерално биле повисоки од оние на ЕСМ кој исто така го продаваат својот мегават поевтино од реалното, се отвара прашањето дали може би ќе дојде до поскапување на електричната енергија. Надежите се дека тоа нема да се случи, затоа што сега поради големите количини од обновливи извори сега цените на струјата се дури и во негатива, па надлежните се оптимисти дека е завршено времето на скапа електрична енергија.

Ако ги гледаме цените кои се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе и Грција извезува јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени. Меѓутоа тоа е сепак берза што значи дека на берза може да има и скокови и падови и некој тренд е дека сега има многу ниски цени и нули, Сања Божиновска,  министерка за енергетика.

Пред извесно време првиот регулатор најави и дека ќе се преиспитуваат тарифните блокови за електрична енергија кои беа воведени за време на претходната енергетска криза. Ова го соопшти првиот човек на РКЕ на неговата прва прес конференција. Какви ќе бидат измените се уште не се знае но од енергетика велат ако ги побараат за совет околу ова прашање ќе го дадат своето мислење.

Блоковите беа донесени кога цените на електричната енергија беа 700 и 800 евра за мегават час. Сега имаме комплетно друга слика. Имаме цени 0. РКЕ се одговорни за блоковите, они ги дефинираат они прават истражување. Ако не повикаат секако ќе дадеме наше мислење, додава Божиновска 

Во моментов мегават за домаќинствата и малите потрошувачи ЕСМ го продава по цена од 65 евра, додека производната на компанијата е нешто околу 100 евра. Но, овој пат оваа цена наместо за половина, важи за цела 2026, а нова корекција ќе има за следната година.

Од Министерството информираа дека во годишниот план за 2026 се предвидено четири  гигават часови струја од обновливи извори за кои тврдат дека МЕПСО има капацитет да ги вклучи со одредени корекции на мрежата.  За следната министерството добило 800 барања од фирми кои сакаат да инвестираат во обновливи извори но допрва ќе се разгледува дали поднеле соодветна документација.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Meциновиќ: Постои ли стратегија за домовување со оглед што 300 илјади станови се празни, а повеќето од младите се под кирија?

Tea Dimkovska

ЕП: Идентитетот надвор од пристапување – историската комисија да постигне резултати

Tea Dimkovska

Мицкоски смета дека опозицијата има “уплав од избори“ – СДСМ е на став дека кога владата ќе снема пари тогаш човекот ќе оди на избори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе