Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги продаде за профит на странски дата центри

Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити. Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив, реагира опозициската СДСМ.

  • Мицкоски повторно гледа за себеси во големите тендери – во градежништвото, инфраструктурата и „придружните“ услуги. Јавните ресурси се пренасочуваат кон приватни џебови, а граѓаните остануваат да плаќаат повисоки сметки.

Иако дигиталната трансформација е важен приоритет, привлекувањето на хипер-скала дата центри претставува непропорционален стратешки ризик за нашата земја.

СДСМ посочи дека во Холандија, Meta го откажа големиот проект во Zeewolde поради отпор од граѓани и фармери заради огромна потрошувачка на енергија и влијание врз земјоделството. Во Ирска, владата воведе мораториум на нови дата центри околу Даблин до 2028 година, бидејќи тие трошат над 20% од електричната енергија на земјата. Во САД (Аризона, Вирџинија, Мисури и др.), десетици проекти во вредност од десетици милијарди долари се блокирани или откажани поради недостиг на вода, раст на сметките за струја и уништување на локалната средина.

Затоа СДСМ бара:

  • Мораториум на изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода.
  • Доколку се дозволат помали проекти за државни потреби, инвеститорите да бидат законски обврзани на исклучиво воздушно ладење без потрошувачка на вода и сопствено производство на енергија со соларни паркови и батерии, без повлекување од националната мрежа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сушата се  поголем ризик за земјоделството во Македонија, потребни итни мерки за адаптација на климатксите промени  

Дејан Дејан

Новиот владин состав ќе се дефинира викендов – Мицкоски претходно ќе се сретне со коалиционите партнери од ЗНАМ и од Вреди

Дејан Дејан

Нема реформи, нема напредок, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ – СДСМ со реакција за нацрт-извештајот на ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе