Вести Најважни Свет

Детали од договорот САД и Иран – се подготвува голем приватен инвестициски фонд за иранската економија

Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува формирање приватен инвестициски фонд вреден 300 милијарди долари, наменет за поттикнување на инвестиции во иранската економија, а повеќе од половина од средствата веќе се обезбедени, открива извор запознаен со преговорите за Ројтерс.

Според информациите, фондот треба да претставува клучен економски механизам за спроведување на конечниот мировен договор, кој Вашингтон и Техеран планираат да го потпишат во петок. Изворот, кој побарал анонимност бидејќи деталите сè уште не се јавно објавени, навел дека фондот ќе биде целосно финансиран од приватниот сектор.

Договорот предвидува и укинување на американската блокада кон Иран, како и повторно отворање на Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски правци за транспорт на нафта и природен гас.

Фондот нема да има карактер на воени репарации или програма за реконструкција и нема да вклучува пари од даночните обврзници туку ќе функционира како приватно инвестициско средство. Во неговото финансирање ќе учествуваат компании од САД, земјите од Арапскиот Залив, Азија, Јужна Америка и Африка.

Планираните инвестиции ќе бидат насочени кон енергетиката, логистиката, производството и транспортот.

Според овој механизам, регионалните земји би придонесувале на различни начини, на пример со давање кредити, воспоставување кредитни линии или директно финансирање на реконструкцијата на објекти оштетени во војната.

Американските и иранските претставници потврдија во неделата дека постигнале договор за рамка за прекин на војната, која започна на 28 февруари со напад на американските и израелските сили врз Иран.

Иран беше исклучен од глобалните пазари на капитал со последователни санкции од САД и меѓународните земји. Земјата има резерви на природен гас, на нафта и огромен неискористен потенцијал во секторите кои се движат од петрохемикалии и рударство до туризам и земјоделство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осумдневен притвор за скопјанецот кој запали две дипломатски возила – се проверува со кого имал комуникација

Дејан Дејан

Најстариот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит осуден на четири години затвор за силување

Дејан Дејан

В сабота јубилејно врачување на наградите „Книжевен жезол“ на Ристо Василевски и Роза Бојанова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе