Емисии Код Македонија

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Во четвртокот попладне, Собранието на раб на потребниот цензус и на мнозинство, го избра Исмаил Синани за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Владеачкото мнозинство го избра и покрај критиките на невладиниот селктор кој постојано се бори на терен против дискриминацијата бидејќи сметаат дека Синани кој е новинар по професија, а политиколог по образование, нема искуство, а има опасни ставови против феминизмот и родовата еднаквост. КОД открива дека повеќе организации биле известени дека Синани ќе биде избран три недели пред воопшто да се појави на јавната расправа во Собранието и да ја претстави својата кандидатура.

Во КОД интервју со кандидатката за позиција во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ. Таа од 2011 година континуирано работи во областа на човековите права, еднаквоста и заштитата од дискриминација. А како адвокат застапувала лица и групи изложени на дискриминација и го добила првиот случај во кој судот утврдува дискриминација во државата учествува и во работната група која го подготвува новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Во текот на својата кариера има значаен придонес во подготовка на правни мислења, анализи и препораки, и во зајакнувањето на институционалните капацитети за заштита на човековите права но и во подготовката на Акцискиот план за недискриминација 2025 и 2026. Но, сето ова за Собраниската комисија не беше доволно за да ја избере наспроти Синани. Со Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ разговаравме за ваквата одлука на пратениците, состојбата на антиродовите движења, дискриминацијата и влијанијата во општеството.

КОД истражува кој ги финнсира антиродовите движење и која е улогата на религиозните групи,  на руското влијание и на влијанието на американски десничари врз општествениот живот во Македонија и регионот.

Емисијата, премиерно беше прикажана на Телма, на 14.06.2026.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработен во прилепската болница скенирал картичка на граѓанин и повлекол 90 000 денари

Дејан Дејан

„Не поседувала хациенда со базен“ – Славјанка Петровска ја доби тужбата за клевета против Драган Ковачки

Mirjana Joveska

На клупа во парк во Шуто Оризари оставено бебе старо седум-осум месеци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе