Вести Македонија Топ вести

 Во ЕУ се води сериозна дебата и за проширувањето и како таа да се реформира

Во Европската унија се води сериозна дебата како таа внатрешно да се реформира за да може да се намали бирократијата во процесите кои и се битни, како што е проширувањето, но и носењето на клучните одлуки за нејзината иднина. Виктор Бургете Видал од Центарот за меѓународни односи од Барселона, кој е во земјава во организација на „Преспа институт“ за Телма вели дека нон-пејперот кој стигна од Германија и Франција за забрзување на интеграцијата на Западниот Балкан, покажува силна политичка волја да се откочи долгиот и заглавен процес на проширување.

„Има предлози во Брисел кои во моментов се дискутираат, што е добро, за консензус на членките на почетокот и крајот од процесот на проширување. За да може процесот да се забрза. Со овој систем може да имате позитивен импакт на реформите“, вели Виктор Бургете Видал, од Центарот за меѓународни односи од Барселона.

Според Бургете Видал Европската комисија сега влегува во процесот за да ги разработи деталите како тоа би било можно да се спроведе.

Во контекс тна Македонија Бургете Видал е на став дека таа предолго чека на членство, но оти обврската која ја има преземено во 2022 за уставни измени ќе мора да ја исполни. Но она што е битно во контекст на реформите кои се бараат е и тоа дека Унијата ќе мора да го испорачува својт дел од обврските.

„Многу е важно да се има вистински баланс и исто така, како што веќе реков, е тоа што паралелно се случува, а што не е толку видливо во јавноста како ова, е дека не ни требаат билатерални проблеми за време на процесот. Тоа ќе им овозможи комфор на земјите-кандидати дека ако направат вистински прогрес тоа нема да бидете запрено на некое време“, вели Бургете Видал.

Според него има многу работа за завршување од двете страни, и од змејите-кандидати и од Унијата, но огромен дел од тоа треба да биде завршено во рамки на Унијата и таа самата да се подготви за проширување, кое, како што вели Видал, долго време било занемарено.

За тоа како би одоброволиле некои земји-члнеки, како на пример Бугарија, да ги прифатат реформите во контекст на носењето одлуки со консензус, како примери се наведуваат финансиските мерки.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео+фото)Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје- бугарските медиуми го објавија потпалувачот

Mirjana Joveska

Објавена е стихозбирката „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска со илустрации на Руки Чуки

Mirjana Joveska

Полициските службеници обвинети дека не извршиле проверки на „Пулс“ негираа вина

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе