Вести Економија Македонија Топ вести

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Иако во просек цените на нафтените деривати се намалуваат за 0,10 проценти, бензините и дизелот поскапуваат, додека екстра лесното масло за домаќинство и мазутот поевтинуваат.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 87,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 90 денари.

Цената на дизелот ќе изнесува 87,5 денари за литар, што е за половина денар повеќе од досега. Од друга страна, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 2,5 денари и ќе чини 86,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот, чија нова цена ќе биде 46,223 денари за килограм.

Од ноќеска престанува да важи и владината мерка за пониска акциза и кај бензинот и дизелот од 2 денари. A веќе не важи ниту попустот од ОКТА.

Еве ги новите малопродажни цени на нафтени деривати кои ќе се применуваат од 16.06.2026 година

Стари цени Нови цени      
  Од 09.06.2026 Од 16.06.2026      
           
Дериват ден/лит ден/лит      
           
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 84,00 87,50      
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 86,00 90,00      
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 87,00 87,50      
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 89,00 86,50      
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 88,00 88,50      
           
МЕТАН 75,50 ден/кг 75,50 ден/кг      
АВТОПЛИН 51,00 ден/кг 51,00 ден/кг      
МАЗУТ 47,297 ден/кг 46,223 ден/кг      
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога конечно ќе се изгради автопатот до Блаце?

Дејан Дејан

 Во ЕУ се води сериозна дебата и за проширувањето и како таа да се реформира

Дејан Дејан

Мицкоски ќе треба да се соочи со Ленче Ристоска на суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе