Уапсена е прилепчанката која живеела во Тетово и физички го малтретирала и го фрлила на асфалт своето тримесечно бебе. Новороденчето го спасиле случајни минувачи, кои пријавиле во полиција.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера ја лишиле од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а подоцна го уапсиле и Б.С.(37) од селото Сараќино.
–Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека В.М. била забележана како физички го малтретира и удира на асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот. За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, посочуваат од МВР.
