Обединетите нации го поздравија договорот за трајно прекинување на непријателствата меѓу САД и Иран, што беше објавен рано утринава.
„Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го поздравува соопштението дека Соединетите Американски Држави и Иран се согласиле за мировен договор што предвидува итен и траен прекин на огнот, отворање на Ормуската Теснина и рамка за натамошни преговори. Ова е клучен чекор кон мирно решавање на конфликтот“, се посочува во соопштение што го објави портпаролот на Генералниот секретар на ООН.
За договорот меѓу САД и Иран првично соопшти пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, кој посредуваше во напорите за запирање на војната, а подоцна тоа беше потврдено и од американска и од иранската страна.
Трамп: Бродови на светот, стартувајте ги моторите, нека тече нафтата!
