Вести Македонија Топ вести

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени. Изминатите два дена со своите теренски возила им беа логистичка поддршка на пожарникарите, а учествуваа и во гаснењето на огнената стухија над градот Штип и во викенд населбата Кумлак. Брзината, организираноста и добрата комуникација меѓу пожарникарите и доброволците на терен придонесоа да нема поголеми штети по објекти и на нивите. Во моментов се сместени во приватни простории.

„Сега сме во координација со општината и со градоначалникот да ни се доделат простории, за да можеме да аплицираме и да ни дозволат противпожарни возила, камиони и опрема. Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме“, изјави Димитар Ташков командир на ДПД-Штип.

Шлемови, пожарникараски чизми и 60 до 80 заштитни униформи со боци за кисолород се состои донацијата која сами си ја обезбедија членовите на штипското Доброволно противпожарно друштво.

„Во сите пожари досега, последните две-три години можеби и повеќе како оф роуд клуб сме биле како логистика на пожарникарите. Преку командирот сме добивале замолница дали саме да помогнеме, да однесеме пожарникари до самиот оган. Дека сме можеле да помогнеме со гасење сме гаснеле“, додава Ташков.

Доброволците пожарникари изминатите деновиве поминаа и обуки за интервенции на отворено, а од доброволното друштво ги повикуваат граѓаните кои сакаат да бидат нивни членови слободно можат да им се приклучат.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе