Вести Македонија Топ вести

Законот за правична застапеност на јавна расправа – за аналитичарите подобар од балансерот

За Законот за правична застапеност во понеделник ќе дебатираат и експертите. Во Собранието е закажана јавна расправа на која се очекува да се чујат повеќе аргументи од сите аспекти пред да почне расправата на седница. Повеќето политички аналитичари го оценуваат како подобро решение од таканаречениот Балансер кој продуцираше бројни злоупотреби.

„Со новиот закон обврската да има балансиран прием во јавната администрација останува, но се менуваат условите под кои тоа може да се изведе во административна процедура. Во таа смисла, тој е подобро законско решение затоа што ја става меритократијата пред етничката балансираност. Во овој случај, кога би биле блиску со бодови, стручноста доаѓа прва“, вели Петар Арсовски, политички аналитичар.

Партиите на Албанците во опозиција се против законот, особено против одлуката, тој да се носи со мало Бадентерово мнозинство, односно, со мнозинство од присутните пратеници од заедниците на седница. И за Арсовски поголемото мнозинство е подобра варијанта, но и одбраниот начин не е спорен.

„Политичкиот театар околу законот повеќе се сведува околу политичка поддршка или не. Најдобро ќе беше законот да се донесе со големо Бадентерово мнозинство, но и вака е подобро решение од претходното“, вели Арсовски.

Законот го помина и правниот филтер на Венцијанската комисија. Во него е наведено дека, „квалификациите, стручноста и компетентноста претставуваат примарен критериум, а припадноста кон подзастапена заедница може да се земе предвид само како секундарен критериум во случај на еднакви квалификации и компетентност на кандидатите“.

Повеќе нема да важи самоизјаснувањето, туку ќе се вршат детални проверки на личните податоци за да се спречат измамите со идентитетот поради конкурсите.За лажно етничко изјаснување се предвидени и санкции. Покрај кандидатите, законска одговорност ќе сносат и раководителите на институциите. Доколку директорите не го спроведуваат законот, ќе се соочат со политичка одговорност,

Спроведувањето на законот во пракса ќе го мониторира и гарантира Координативно тело. Балансерот беше укинат со одлука на Уставниот суд откако беше утврдено дека со него се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува  уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Tea Dimkovska

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Името на Трамп отстрането од Центарот „Кенеди“ по судска одлука

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе