Вработени во Клиниката за детски болести денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство. Станува збор за околу 50 вработени кои шест месеци не примиле плата и се уште немаат продолжени договори за работа. Револтирани се затоа што надлежните институции не го решаваат нивниот проблем и покрај тоа што и претходно реагирале до Министерството за финансии и им било речено дека ќе се направат напори да се надмине проблемот , до овој момент нивниот статус не е решен. Очекуваат средба со министерот за здравство Азир Алиу.
„Работевме шест месеци без ниту еден одговор. Одговорот од Министерство за финансии ни стигна дури во април, а ние за тие месеци сме работеле чесно и сме служеле на Клиниката и на децата. Пред два три дена излезе министерот излезе и изјави дека сме биле волонтери, а ние немаме ниту докмунт потпишани и дека сме работеле како волонтери до сега“, изјави Самир Нухи, вработен на Клиниката.
„Директорот на клиниката очекува позитивен одговор од Министерство за финансии за да се вратиме на работа“, изјави Седат Буши, друг вработен.
На прашањето „А дали има поднесено барања ?“ тој одговори „Па документите се поднесени од декември. Значи за истите луѓе станува збор што сме работеле 2025, 2024 и за 2026. Значи одговорот е негативен. Бевме минатата недела во финансии, они ни рекоа ќе почнеме од почеток ќе видиме. Министерот за здравство изнесува некои зборови кои немаат никаква база, не може да бидеме како прво вработени, да земаме плата до декември 2025 та, а од јануари да бидеме волонтери, нема тоа логика“, објасни Буши.
