Вести Македонија Најважни

Обвинителот Цветановски за „Телма“: Предметот за „мазутот“ е обемен минатиот четврток добив 60 кутии, сега интензивно работам

Предметот го добив минатиот четврток и оттогаш интензивно го разгледувам и работам, а за одлуката јавноста ќе биде известена, ни изјави во телефонски разговор обвинителот од Вишото јавно обвинителство Јован Цветановски.

Предметот за „мазутот“ односно разгледување на приговорот на ЕСМ му се падна во работа на Цветановски, потврди вчера и државниот обвинител Ненад Савески.

Савески потврди дека после укинатата суспензија на Цветановски тој е вратен во распоредот во Вишото скопско обвинителство иако се уште трае разгледување на обвинителен предлог против Цветановски, во кое штипското обвинителство тврди дека заедно со екс Вишиот обвинител Мустафа Хајрулаху е обвинет за злоупотреби при распоредување на предмети.

Цветановски ни изјави дека обвинителниот предлог не го видел, но не е ниту во правна сила и за него има поднесено приговори, но тврди дека тоа нема никакво влијание врз предметот за мазутот и неговите актуелни задолженија.

Цветановски вели дека предметот за мазутот е обемен и кај него пристигнал во 60 кутии со докази и сознанија прибавени за време на запрената истрага за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино.

Мора да се прегледа и образложението за запирање на истрагата, но и обемниот приговор на ЕСМ за штета предизвикана од јавните набавки. За разгледување на приговори постои релативен законски рок од 30 дена иако при големи случаи како истрагата за мазутот е потребно и повеќе време.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во ТОП Тема најавува и нови докази иако ќе се чека одлуката на вишиот обвинител Јован Цветановски.

Истрагата беше запрена за Капушевски, Јахоски, Ковачевски, за фирмата РКМ иако МВР тврдеше дека има штета од над 167 милиони евра и злоупотреби при набавката на мазутот и доцнење на испораката на мазутот во ТЕЦ Неготино. Обвинителството ја запре истрагата со тврдење дека не се обезбедени доволно докази за покренување на обвинение.

Миомир Серафиновиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе