Вести Македонија Топ вести

(Видео) Градоначалникот на Аеродром „жив го фати“ како истура шут на дива депонија – возачот на камионот му го дава телефонот да се слушне со газдата и бега

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Тој објави видеоснимка на Фејсбук на која се гледа како бара инспекција и полиција, додека возачот на камионот кој го истовара шутот му дава телефонски да се слушне со газдата на фирмата. Потоа возачот на камионот бега од местото.

Од општината велат дека е пријавено во МВР и дека е направен записник. На местото веднаш излегол инспектор за животна средина од Општина Аеродром, а во понеделник ќе биде повикана фирмата на која ќе ѝ биде врачен записник и решение за казна за загрозување на животната средина.

Најниската казна е 9.000 евра, а највисоката над 80.000 евра во зависност за каква фирма станува збор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе