Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини Соединетите држави дека се впуштаат во неодговорна воена авантура секогаш кога на маса ќе биде ставено сериозно дипломатско решение. Арагчи повтори дека Исламската република нема да подлегне на притисокот, очигледно алудирајќи на вчерашните и денешните меѓусебни напади во Ормускиот теснец.
И покрај новото распламтување на насилството, Трамп инсистира дека примирјето е сѐ уште во сила. Иранците ги повика што побрзо да се согласат на договорот, затоа што во спротивно по наредната провокација ќе бидат погодени уште посилно.
Денес нè предизвикаа. Ние ги збришавме. Нè потценија. Јас тоа го нарекувам ситница. Ќе ви кажам кога нема да има прекин на огнот… нема ни да треба да знаете. Ако нема прекин на огнот, нема да треба ни да знаете. Само ќе видите еден голем сјај што ќе доаѓа од Иран. И подобро е брзо да го потпишат договорот, изјави трамп.
Но, и покрај тврдењето на Трамп дека примирјето останува во сила, случувањата изминатава недела посочуваат дека тоа примирје само по име. Иако се чини дека дипломатскиот процес се нема поместено ниту сантиметар по првата рунда преговори во Исламабад на 11 и 12 април, сепак размената на предлози продолжи преку посредниците Пакистан.
Државниот секретар Марко Рубио, потврди дека Вашингтон во текот на денешниот ден го очекува иранскиот одговор во врска со американскиот предлог од 14 точки, изразувајќи надеж дека тоа ќе биде сериозен предлог.
Ќе видиме што ќе содржи одговорот и се надеваме дека ќе нѐ внесе во сериозен преговарачки процес. Секако, ги видовме извештаите дека Иран се обидува да создаде некаква агенција која ќе го контролира сообраќајот во теснецот. Тоа ќе биде доста проблематично, всушност, тоа е неприфатливо, рече рубио.
Иран продолжува да инсистира дека Ормускиот теснец, низ кој поминува дури една петтина од светското производство на нафта, се негови територијални води. Уште на самиот почеток на војната, Револуционерната гарда го блокираше теснецот што предизвика значително зголемување на цените на глобално ниво.
Како одговор на тоа, Соединетите држави воведоа поморска блокада во Оманскиот залив со која не дозволуваат премин на бродови кои испловуваат од ирански пристаништа.
Игор Трајков
