Вести Македонија Топ вести

Се обидела да воведе паралелен начин за распределба на пари од ИПАРД фондовите – 10 месеци затвор за Костадинова

Десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, советничка на министерот за земјоделство, обвинета дека земала мито за злоупотреби со пари од ИПАРД фондовите. Таа призна дека добила 2.000 евра од сопственик на фирма која не ги исполнувала условите, но требало да биде рангирана за европска помош. Обвинителството тврдеше, а таа призна дека ѝ биле ветени 20.000 евра, за да влијае врз директорот на агенцијата која одлучува за парите за земјоделците. Судијката во изрекувањето на пресудата рече дека таа се обидела да воведе паралелен начин за распределба на парите.

Но, се поизвесно е дека Костадинова нема да влезе во затвор. Во казната ѝ се пресметани шесте месеци поминати во домашен притвор, а самата се согласи дека до правосилност сака да остане затворена, но дома. Дали ќе се жалат на пресудата не се сигурни ниту обвинителството, ниту адвокатот на Костадинова.

Единствено судот го одби нејзиното барање да ѝ бидат вратени 6.000 евра, вишок пари кои биле пронајдени кај неа при претрес. Судијката рече дека може да се и тие од кривично дело, бидејќи таа е невработена, а не докажала од каде и се парите.

Од сите деветмина обвинети за злоупотреби со европските пари само таа призна вина. Меѓу обвинетите е поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка, Илија Стоилев. Првообвинет е Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски, како директор на фирмата „Сигнас-Арго“ од струшко Велешта. Тој на Стоилев преку посредници му ветил 50.000 евра, а полицијата го фати директорот со 400 дадени на рака.

После апсењето, Европската комисија ја стопираше исплатата на околу 3 милиони евра од ИПАРД, а ги одблокира пред една недела на стартот на судењето. Процесот за останатите продолжува на 11 мај.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната влезе во завршната декларација на Парламентарно собрание на земји од Југоисточна Европа 

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе