Вести Македонија Топ вести

„Запуштање и малтретирање на дете“ – МВР со пријави за родителите на малолетничките за инцидентот во Ѓорче Петров

Полицијата продолжува со поднесување на кривични пријави за суровиот инцидент во Ѓорче Петров, каде жртва беше 13-годишна малолетничка. Денеска пријави добија родителите на четири малолетнички кои учествуваа во насилствата. Станува збор за шест лица кои ќе одговараат за запуштање и малтретирање на дете.

„Денеска единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201, став 1, од КЗ, запуштање и малтретирање дете, поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по член 386 од КЗ, односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров“, соопшти МВР.

Против четирите малолетнички на возраст од 14 до 17 години, вчера беа поднесени кривични за насилство. Според информациите на Телма, две од пријавените ученички не се од училиштето „Мирче Ацев“, туку од средното хемиско и друго основно во Општина Ѓорче Петров.

Од училиштето „Мирче Ацев“ соопштија дека жртвата веќе извесен период следи настава од дома, а на 10 ученици кои учествувале во немилиот настан на 15 април им се изречени дисциплински мерки, како намалено поведение и укор.

Од министерството за образование повторија дека испратиле допис до сите општини и училишта да се воведе дежурен наставник наместо ученици како превентивна мерка.

„Тие што се вклучени во образовниот процес, наставниците, стручната служба, но секако и родителите треба да помогнат во воспитувањето на децата. Добро воспитани деца обезбедуваат и добри и безбедни училишта. Ја зајакнуваме улогата на наставникот на секој можен начин, бидејќи тие се клучот. Како во образованието, така и во воспитувањето. Апелирам до родителите, малку повеќе внимание и прифаќање на сугестиите на наставниците“, рече Весна Јаневска, министерка за образование.

Од обвинителството соопштија дека се постапува согласно законот за правда за децата и кога ќе има конкретни информации кои може да се споделат со јавноста тоа ќе биде направено.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната влезе во завршната декларација на Парламентарно собрание на земји од Југоисточна Европа 

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе