Вести Македонија

Работник од Скопје тешко повреден од струен удар во Куманово

Триесет и двегодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди од струен удар при извршување работни задачи во дворно место во Куманово, информира кумановската полиција.

Според информациите од СВР Куманово, вчера во 16:50 часот во СВР Куманово било пријавено од лекар од Итна медицинска помош дека кај нив бил донесен повредениот Б.К. (32) од Скопје. Тој се здобил со повредите додека работел во дворно место на улица „100“, сопственост на Д.Н. од Куманово.

По укажаната прва помош, повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а за случајот биле известени јавен обвинител и инспектор за безбедност и здравје при работа од Државниот инспекторат за труд при Министерството за економија и труд. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе