Единаесет годишниот Македон Димитровски освои два златни медали на Математичката олимпијада во Франфурт, Германија.
Тој беше во силна меѓународна конкуренција, во која младиот матeматички гениј доби злато во индивидуална конкуренција по математика и уште еден златен медал во категоријата математички предизвик.

Покрај медалите, Македон ја доби и титулата Лауреат, која ја добиваат само најдобрите математичари во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
