Вести Свет

Мерц: Царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија

Планираните повисоки царини на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили од ЕУ се насочени кон Европската Унија како целина, а не конкретно кон Германија, ова го изјави германскиот канцелер Фридрих Мерц, откако Трамп во петокот најави дека планира да ги зголеми царините за автомобили и камиони увезени од ЕУ на 25 посто неделава.

Тој сака да биде насочен кон цела Европа“, изјави Мерц за германскиот радиодифузер АРД вчера, додавајќи дека Трамп е „во право што е донекаде разочаран“ што не е склучен договор за царини од август 2025 година меѓу САД и ЕУ. Отпорот кон договорот остана во Европскиот парламент, рече тој.

Мерц рече дека Трамп станува нетрпелив бидејќи од европска страна продолжуваат да се поставуваат нови услови.

Американците се подготвени, а Европејците не се, рече тој, додавајќи: „Затоа се надевам дека можеме да постигнеме договор што е можно побрзо“.

Во август 2025 година, Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се согласија за рамка со која царините се ограничуваат на 15 проценти за повеќето стоки од ЕУ увезени во САД, вклучувајќи автомобили и автоделови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција под рекордни температури, прогласена е црвена тревога

Дејан Дејан

Најголема заплаена на дрога во Австралија од 2,7 тони

Дејан Дејан

„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцаријa

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе