Вести Македонија Топ вести

123 години од смртта на Гоце Делчев

На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Покрај традиционалното положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје, денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката.

Наградата ќе им биде врачена на Проф. Д-р Михајло Марковиќ и Проф. Д-р Соња Новотни за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик.

Во владата пак е закажана трибина насловена „Темел на државноста- визија за иднината“ .

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија.

До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе