Вести Македонија

Илјадници туристи во Дојран за првомајските празници

Илјадници туристи за првомајските празници го преплавија Дојран. Крајбрежјето на езерото беше исполнето со гости од земјава и регионот, кои уживаа во сончевото време, прошетките покрај вода и традиционалната дојранска кујна.

Дојранчани не ја кријат својата радост. Велат дека ваквата посетеност е одличен навестувач за претстојната летна сезона и се надеваат дека интересот ќе продолжи и во наредните месеци.

Ова е одличен почеток. Имаме гости повеќе од лани, сите се расположени, а тоа ни дава надеж за успешна сезона“, велат домаќините.

И туристите се задоволни од престојот. Велат дека во Дојран секогаш се враќаат поради топлото гостопримство, вкусната храна и пријатната клима.

Јас сум од Прилеп. Не доаѓам често, но, кога и да навратам подобро е од порано. Дојран оди напред“, вели турист..

Од Општината информираат дека туристичките капацитети за празниците биле речиси целосно пополнети. Надлежните очекуваат трендот на зголемен број гости да продолжи и во текот на летото, со што Дојран повторно ќе се потврди како една од најатрактивните туристички дестинации во земјава.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе