Швајцарија во 56,1 милион швајцарски франци ќе ја помага евроинтеграцијата на Македонија и нејзиниот стабилен и одржлив развој. За оваа одлука на швајцарската конфедерација информираше нејзиниот претседател, Ги Пармелан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава, наведувајќи притоа дека средствата се издвојуваат во рамки на Швајцарската програма за соработка со предвиден буџет до 2028 година.
„Швајцариија придава огромна важност на мирот и стабилноста на Западниот Балкан. Овој регион е приоритет за нашата надворшена политика и среќен сум што гледам дека земјите во овој регион станаа посигруни во себе и постабилни во овие изминати години“, рече Ги Пармелан, претседателот на Швајцарија.
Пармелан при посочи дека за Швајцарија е многу битно владеењето на правото, ефикасноста на институции, како и стабилноста и предвидливоста.
Неговата домаќинка, претседателката, Гордана Силјановска Давкова од своја страна рече дека природниот дом на Македонија е ЕУ каде втаа географки и културолошки припаѓа и дека она што го бара земјата е да биде третирана како другите, енергијата да се насочи кон реформскте предизвици и таа да не се губи на ирационални прашања.
Силјановска Давкова за иницијативата на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, за собирање потписи на 30 пратеници за иницирање на уставни измени, рече оти тоа е партиска одлука за која мисли дека нема шанси да успее.
„Не треба да се прави само за да се манифестира проактивност туку треба да се размислува на извесноста од нејзиното финализирање и вродување со плод. Познато ви е дека за тоа е потребно двотретинско мнозинство, значи далеку од 30, а исто така и двојно мнозинство заради тоа што се бара промена на Преамбулата“, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Инаку таа посетата на швајцарскиот претседател ја оцени како историска бидејќи е прва посета.
Тамара Грнчаровска
