Кралот Чарлс и кралицата Камила се во четиридневна посета на СAД.
Последната ваква посета на британското кралско семејство беше во 2007 година, додека кралицата Елизабета уште беше жива.

Она за кое сите зборуваат е дека првата дама на САД повторно блескаше и ги воодушеви сите со својот изглед на главната вечра со Кралот Чарлс III и Камила.
Имено Меланија на себе носеше елегантен Dior фустан и бели ракавици, поради што јавноста почна да пишува дека стилот е потсетник на модната икона од Белата Куќа Џеки Кенеди.

Кралицата Камила, пак, носеше долг розов фустан и раскошен ѓердан.
На вечерата беше присутна и ќерката на Доналд, Иванка Трамп, која доби комплименти за изгледот.

