Вести Македонија Топ вести

Денеска пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.

Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.

Според обвинението, групата дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана.

Обвинителството тврди дека првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли се јавува како организатор и координатор. Штекли пред судот изјави дека не го разбира обвинението, а другите обвинети кои не се спогодија се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Трајковски е способен да ја следи расправата – судот ги отфрли наводите на одбраната за психичката состојба на Штекли

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

Tea Dimkovska

Телма сторија – Отворени истраги и активни судења за сообраќајни незгоди

Tea Dimkovska

Од пожар до свлечиште: Колку се безбедни градилиштата во Скопје?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе