Сојуз на синдикатите на Македонија повикува на масовно учество на работниците на традиционалниот првомајски протест, кој ќе се одржи на 1 мај во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“.
Собирот е закажан за 11:00 часот, пред Работничкиот дом. Од ССМ порачуваат дека работничката борба е континуиран процес за зачувување и унапредување на правата, а 1 Мај претставува ден за протест и солидарност.
Тие истакнуваат дека синдикатот од 2018 година редовно организира масовни протести на Меѓународниот ден на трудот.
Синдикалците испраќаат порака за обединување и поголема решителност, нагласувајќи дека работниците во земјата заслужуваат повисоки плати и подобар третман. Протестот, велат од ССМ, треба да биде јасен сигнал до институциите за итни промени во работничките права.
