Вести Македонија Топ вести

СДСМ бараат вонредна седница на Совет, градоначалничката им врати – да не собираат политички поени

Советниците од СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода. На седницата, пак, да се формира независна стручна комисија која ќе изврши целосна проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината.

„Итно воведување мораториум на сите градежни активности сè додека не се утврди дека истите се безбедни и во согласност со законите.Обезбедување целосна транспарентност преку јавно објавување на сите документи, дозволи и наоди поврзани со градбите.Дополнително, бараме итни мерки за заштита на граѓаните-да се изврши проценка и, доколку е потребно, евакуација на сите лица и објекти кои се наоѓаат во потенцијален ризик, како и да се преземат мерки за санација на последиците и да се обезбеди соодветна помош и поддршка за погодените“, изјави Даниела Настова Пиштолова, координатор на советничка група на СДСМ во советот на Кисела Вода.

Градоначалничката, Бети Стаменкоска – Трајкоска, соопшти дека надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот. Побара и безбедноста на граѓаните и работниците да не биде предмет на собирање на политички поени.

„Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки, но одлуките мора да се темелат на факти и на стручни анализи, а не на претпоставки. Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување на непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневно политички реакции“, соопшти градоначалничката.

Итна и темелна истрага побараа и од Синдикатот за градежништво (СГИП). Нивната пракса покажала дека во ваков случај одговорноста треба да се бара кај главниот изведувач, надзорниот орган и Државниот инспекторат за труд.

Бараат и преземање на конкретни мерки за да не се случи друга трагедија затоа што, небезбедните услови при работа, ниските плати и прекувремената работа доведуваат до замор кај работниците кои поради егзистенцијални потреби се приморани да работат во ризик. Во просек, во Македонија годишно во секторот градежништво има по 20 несреќи со фатален крај и преку 200 повреди при работа.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе