Вести Култура Македонија

Јавна расправа за Нацрт Националната стратегија за културното наследство 2026 -2030 – Калето еден од археолошките локалитети кои се во загрижувачка состојба

Управата за заштита на културното наследство ја одржа јавната расправа за Нацрт Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 2026 -2030.

Националната стратегија беше ставена на ЕНЕР и до сега нема ниту една забелешка.

Во извештајот на Европската комисија неколку години наназад беше нотирано во поглавјето за образование и култура дека овој стратешки документ не е донесен и тоа треба да биде направено што поскоро, вели Честоева.

Според директорката на Управата за заштита на културното наследство има археолошки локалитети кои се во загрижувачка состојба и еден од нив е Калето.

  • Тоа се капиталните археолошки истражувања на археолошкиот локалитет Кале, коишто во изминатите десет години беа оставени буквално можам да кажам беа оставени на милост и немилост горе. Сега со ставањето во функција на двата музеи коишто Управата за заштита ги работи и треба да ги стави во функција на Европска престолнина на културата, ние се соочуваме со фактот дека овие предмети не биле ниту запишани во инвентарна книга. Зборувам за предмети кои биле дел од археолошките ископувања пред 10 години . Значи ние мора да ставиме ред во заштитата и да почнеме системски да работиме- Весела Честоева, директорка на Управа за заштита на културното наследство.
  • Националната стратегија имаше за цел најпрво да ги соочи проблемите и состојбата на културното наследство, потоа да изготви планови и начини за реорганизација на самите установи, на стручниот кадар и реорганизација за нивно управување, за финансирање. Потоа нормално да се поработи и на еден сегмент на којшто посебно обрнавме внимание, а тоа е јавната свест за културното наследство и негово доближување до јавноста – Јане Клековски,  претседател на Комисијата за изработка на Националната стратегија.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе