Аналитичарот Сефер Селими во емисијата „Вин-Вин“ смета дека решението со техничката влада одамна ја изгубило својата функција и наместо стабилизација, создава дополнителни политички тензии.
„Јас уште одамна се залагав ова решение да се укине, бидејќи не е функционално и не придонесува за целта за која е создадена, креира повеќе проблеми отколку решенија, кои се проактивни, туку реактивни кон процесите“, изјави Селими.
Тој посочи дека изостанува суштинска и инклузивна дебата меѓу политичките актери, што, според него, придонесува за продлабочување на поделбите наместо за изнаоѓање решенија.
„Стануваш во 8 часот имаш соопштение од СДСМ со сите можни квалификации на ВМРО ОКГ, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ против СДС кој во суштина е неаргументиран дијалог и не се зборува во суштина за вистинските проблеми на оваа држава и со кои ние треба да се соочиме за подобрување на заедничкиот живот како граѓани, а не како политички партии. Тие кои до вчера беа на власт си ги решија лични работи, и овие сега имаат потреба тоа да го направат, а меѓувреме стандардот паѓа и ние сме последни во регионот“, нагласи Селими.
Тој додаде дека одговорност за ваквата состојба имаат и институциите, но и граѓанскиот сектор, кој, како што рече, не прави доволно за да поттикне поширок и поинклузивен дијалог во општеството.
Т.Д.
Макрадули: Со вакви законски предлози Владата прави дефокус од реалните проблеми на граѓаните
