Вести Економија Топ вести

Влада: Намалена цената на плинот од 59 на 54 денари за литар

Владата денеска соопшти дека е донесена одлука за намалување на цената на течниот нафтен гас.

  • „Од полноќ Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас, односно плин, за пет денари по литар, односно од 59 на 54 денари за литар“, рече на денешната прес – конференција портпаролката на Влада Марија Митева.

Ова, велат од Владата, е мерка во насока на заштита на стандардоит на граѓаните и стабилизирање на пазарот на енергенси.

Истовреме, како што рече Митева, во трговијата на големо е евидентирано намалување од десет денари по килограм, што според пресметките значи дека цената на течниот нафтен гас е намалена за приближно пет денари по литар.

Она што, според владината портпаролка, е значајно е што и другите компании на пазарот го следат овој тренд.

  • „Во малопродажба, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари“, рече Митева.

Според неа, во случајот не станува збор за изолиран чекор, туку, како што кажа, за системска реакција која доаѓа како резултат на јасна институционална координација.

Како што наведува портпаролката, намалувањето е резултат на анализите изготвени од Државниот пазарен инспекторат и договорот и преземената одговорност од страна на трговците за намалување на бруто-маржите.

  • „Постигнавме согласност овие маржи да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации коишто сега ќе ги имаме, оваа недела кон намалување, а следната би имале зголемување, што значи дека за повеќе од 10% во трговијата на големо и за 9 до 10% во малопродажба ќе имаме намалување“, рече владината портпаролка.

Појаснувајќи го постигнатиот договор, таа посочи дека деталната анализа на Државниот пазарен инспекторат детектирала оти има простор за корекција на ценовната структура, по што следувале разговори со трговците, на кои бил постигнат договор за намалување на бруто-маржите.

  • „Ова е суштинската разлика во пристапот. Наместо декларативни политики, носиме мерки што даваат директен ефект врз цените. Наместо пасивно следење на пазарот, активно интервенираме таму каде што постои простор за корекција во интерес на граѓаните. Ќе продолжиме со истиот пристап, со анализа, со дијалог и со конкретни резултати“, рече Митева.

Таа на крајот подвлече дека пазарот на енергенси мора да функционира, но мора да биде праведен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе