Вести Македонија Најважни

„Ај честито и злато си, частам ручек“ -екс претседателката на ДКСК Димитровска и ревизорот Столевски си честитале кога ѝ го положил испитот

Екс претседателката на ДКСК Димитровска и ревизорот Столевски си честитале кога и го положил испитот, покажуваат пораките кои денеска беа читани на судењето на кое таа е обвинета за оддавање на службена тајна и компјутерски фалисфикат.

„Ај честито и злато си, частам ручек“.

Вака поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска и ревизорот Миле Столевски си размениле пораки на денот кога тој во нејзино име го положил сертификатот за тајност. Денеска обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги читаше пораките со кои се договарале како таа да добие сертификат од Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци кога станала дел од антикорупциската комисија. Откако му ги дала корисничкото име и лозинката го прашувала како му оди по што тој ја известува дека и положил.

Миле Столевски: Ќе полагам сега.

Татјана Димитровска: Ради ДКСК, ај со среќа.

Миле Столевски:фала.

Татјана Димитровска: Kако ти оди?

Миле Столевски: Само што завршив со курсот сега ќе полагам.

Последната порака која ја добива Димитровска од Столевски е ПДФ документ кој е всушност електронски издаден сертификат од Дирекција за безбедност на класифицирани информации на име на Татјана Димитровска од ДКСК.

беа прочитани и пораки меѓу уште една обвинета во истиот предмет и тоа од ТЕЦ Неготино, Билјана Петровска Мандева која пак го известувала преку пораки поранешниот директор на Тец неготино Небојша Стојановиќ за тоа дека е отворена истрага за набавка на мазутот.

Му фотографирала наредба од БЈБ која стигнала во Тец Нефготино, а која наредба е за истрага која се уште ја води обвинителството.

Претходно Димитровска се произнесе дека не се чувствува виновна. Обвинета е за две кривични дела оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“ но и дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“. Негираа вина и Столевски и обвинетата Билјана Мантева од Тец Неготино.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе