Вести Македонија

Деспотовски: Клучно е да се бара активно вклучување од Брисел, Париз, Берлин и притисок

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите беше ОК е уставни измени, меѓутоа со одложено дејство и второто беше гаранции во смисла да не повторуваат блокадите понатаму, истакна Јован Деспотовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Не се согласувам дека ЕУ е беспомошна. Напротив. Мислам дека во тој корпус на човекови права, имаат алатки како да ги спроведат. Не сум сигурен дека отстапување од темата на гаранции, ако веќе обврската што ја презел премиерот и ВМРО-ДПМНЕ кон избирачите во Македонија е дека е во ред да го одглавиме процесот под тие и тие услови, тогаш да видиме дали тоа може да се испорача така, без притоа да кажеме „не, не, ова не може, затоа што другата страна не се согласува“. Не знаеме. Да, треба да подадеме рака, се согласувам, и економија, и здравство и земјоделство, се ѓто влегува во купчето, и транспорт, итн. Важни се тие проекти, важни се тие пари. Меѓутоа, клучно е да се бара Брисел, Париз, Берлин активно вклучување и притисок“, смета Деспотовски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе