Румен Радев направи „џандар збира“, собра гласачи од сите политички партии, според истражувањата на јавното мислење, но доби и гласачи, околу 10-тина отсто, кои во овие осум последни циклуси воопшто не излегувале, рече Илија Димовски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Затоа и одзивот на изборите вчера беше поголем од последните неколку циклуси. Тоа е состојбата, изненадувачка, не толку од резултатот, но од силината на резултатот. Ќе видиме што ќе значи тоа во иднина“, смета Димовски.
С.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
