Четириесет НАТО оценувачи од денеска во штипската касарна „Јане Сандански“ почнаа со оценување на борбената способност на лесната пешадиска баталјонска група. Проверката и оценувањето ќе се реализираат во рамки на претстојната вежба „Блесок 26“.
Конечните резултати за припадниците на македонската армија ќе бидат познати во петок, додека оценувањето ќе се одвива под постојан надзор на тим на НАТО. Лесната пешадиска баталјонска група за оваа еваулација се подготвуваше четири години.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
