Адвокатката на првообвинетиот во судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс одбвини за нечовечко постапување кон незјиниот клиент. Сопственикот Дејан Јованов бил донесен на рочиште со отворена рана и опасност да загнои откаку му била направена операција.
Пред три дена му правеле операција за да му го извадат отокот кој му се појавил поради несоодветен третман во затворот во Шутка каде се наоѓа во притвор. Според адвокатката итно мора да се донесе одлука по нивното барање за тој од затворски да се пушти во куќен притвор. Денеска пред судот достави целосна медицинска документација за неговата здравствена состојба за која вели дека се влошува. Според неа и покрај тоа што имало операција во септември и морало постоперативно да се третира во болнички и домашни услови тој бил вратен во притвор. Таму примал инекции против болки за кои тврди дека му го влошиле здравјето.
„ Куќниот притвор целосно ги обезбдува обвинетите во тие услови. Тие се обезбедени од судска полиција и тоа е регулирано со законот за кривична постапка. Тоа е мерка која ја ограничува слободата на движење на обвинетите“, рече Ивана Коцевска – адвокат на Дејан Јованов
Обвинителството најави дека ќе даде одговор на барањето за домашен притвор по што ќе треба судот да донесе одлука. Судијката рече дека докторите одобриле после три дена од операција да присуствува на рочиштето. Инаку на денешното рочиште сведочеа тројца сведоци кои претходно одбиваа да се појават во суд, а обвинителството ги повлече но адвокатите сметаа дека мора да бидат солушани. Прва беше девојка која го преживеала пожарот а која често одела во Пулс пред да се случи трагедијата. сведочеше дека имало обезбедување внатре, а сепак локалот бил преполн. Материјалите на плафонот изгореле за многу кусо време. Адвокатите и поставија повеќе прашања во однос на тоа од каде ги знае сите тие работи.
„Додека стигнав од масата до вратата, диското изгоре. Горе изгледаше како да има сунѓери или стиропор. Никој не упатуваше каде да се движиме, освен од надвор што кажуваа. И вас да ве стават во такво стампедо, ќе видите дали ќе се сеќавате на тоа кој точно ве извлекол“, рече сведокот Ана Захариева.
Следното рочиште е закажано за в среда. За трагедијата која се случи лани на 16 март а во која загинаа 63 луѓе се обвинети 35 мина.
Билјана Николовска
