Вести Економија Македонија Најважни

Горивата поевтинуваат, ДДВ за дизелот оди нагоре

Цените и на дизелот и на бензините се намалува за денар и половина. Регулаторна ги стокми новите одлуки за горивата.  Со направените корекции во кои се вклучени државните мерки и плус попустот од Окта од ноќесска на полноќ  95 ката ќе се продава по 78,5 денари за литар, 98 цата за 80, 5 денари за литар, а дизелот ќе се точи по цена од 91 денар за литар.

Во цената на дизелот овој пат не е пресметано пониско ДДВ, затоа што владата викендов на седница одлучи за овој дериват да го врати на 18 отсто.  Во документот на РКЕ стои дека референтните цени на дериватите на берзите во споредба со претходно бележат намалување и тоа кај бензините во просек од 1, 8 отсто, а кај дизелот за 9, 6 проценти. Па, најверојатно поради ваквите поместувања,  државата одлучи да го врати ДДВ то на 18 отсто кај дизелот, горивото кое според анализите најмногу се троши и кое е најмногу на удар од воениот конфликт на Блискиот исток.

За бензините продолжува да важи ДДВ од 10 отсто, останува и намалената акциза за горивата, а до крајот на месецот ќе се задржи и попустот од ОКТА.

Во меѓувреме цената на нафтата на берзите повторно скокна и се ближи до 100 долари за барел.

Од друга страна пак грчките медиуми пишуваат дека земјата има гориво за два месеци. Високи раководители во секторот за рафинирање предупредуваат – ако продолжи воениот конфликт и не се обнови пловидбата низ теснецот ситуацијата ќе стане потешка.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе