Управата за јавни приходи во соопштение до јавноста предупредува дека заклучно со 16ти април истече рокот за плаќање на обврските по годишните даночни биланси за 2025 година. Упатува апел до сите обврзници кои сè уште не извршиле уплата тоа да го сторат без одлагање, со цел да избегнат дополнителни финансиски оптоварувања.
Од вкупно 19.550 поднесени биланси, кај 10.252 веќе е евидентирана уплата, што укажува на солидно ниво на даночна дисциплина, велат од УЈП. Сепак, додаваат дека за останатите обврзници ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камати, како и ризик од присилна наплата, блокирање на сметки и други законски мерки.
Од управата велат дека достапни се и опции како плаќање од трето лице, пребивање со даночни побарувања или отплата на рати, согласно законските услови.
