Вести Најважни Свет

Kоалиција „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев убедливо води на парламентарните избори

Со освоени 38,7% од гласовите, партијата на поранешниот бугарски претседател Румен Радев, Прогресивна Бугарија победува на предвремените парламентарни избори според излезна анкета на Алфа Рисрч. Веднаш зад неа се ГЕРБ-СДС  со освоени 14,8 отсто, а трета е „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“  со 13,1 проценти, потоа ДПС – Нов почеток со освоени 9,2 отсто, Преродба („Вазраждане“) – 5,3 отсто и шеста е „БСП – Обединета левица“  со 4 проценти, ваква е за сега распределбата на политичките сили во 52-бугарски парламентарен состав.

Бојко Борис кој е на второто место, на Фејбук напиша „едно е да се добијат изборите, а сосема друго е да се владее. Изборите одлучуваат кој ќе биде прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее. ГЕРБ може да биде и во влада и во опозиција“, вели поранешиот бугарски премиер.

Антон Кутев од „Прогресивна Бугарија“ во својата последна изјава за бугарските медуими рече дека посоодветен кандидат за премиер од Румен Радев нема, дека ова е убедлива победа и тој е убеден дека ќе формираат влада.

  • „Сакаме да најдеме партнер со кого ќе формираме влада и ќе направиме промени во судскиот систем“, вели тој, но во ГЕРБ не го гледа можниот партнер за спроведување на судска реформа, додека пак се сомнева дека БСП – Обединета левица ќе сака да влезат во коалиција со нив.

Радев се претстави себеси како противник на вкоренетата мафија во земјата и нејзините врски со високи политички структури. Не крие дека негов приоритет е продлабочување на односите со Владимир Путин. Вечерва рече дека резултатите се очекувани.

  • Мојот прв коментар е да ги почекаме официјални резултати, па тогаш ќе зборуваме. Ние очекувавме да бидеме први, јас сметам дека процесот течеше природно. Очекувањата се големи, надежите се големи, тоа значи дека и одговорноста е голема – Румен Радев, лидер на коалицијата „Прогресивна Бугарија“.

Прогнозите за сега говорат дека Радев има меѓу 105 – 110 пратенички места, а за стабилно мнозинство му се потребни 121 пратеник. Во парламентот влегоа шест партии и коалиции. Изборите се одржаа со висока излезност која надмина 50%, одѕивот беше голем и во дијаспората.

Аналитичарите велат дека луѓето кои вообичаено не гласаат на избори го сочинуваат најголемиот дел од оние кои сега гласале за Румен Радев. Тие претставуваат 25% од сите оние кои гласале за „Прогресивна Бугарија“.

Во текот на денот, беа поднесени бројни приговори во врска со организацијата на гласањето – одложувања, редици, проблеми со машините и недостаток на екрани. Машинското гласање беше привремено суспендирано на десетици гласачки места, но целокупните технички проблеми не го нарушија изборниот процес.

Сега се очекуваат тешки преговори. Резултатите нудат поделен парламент, во кој ниедна партија нема самостојно мнозинство, што значи следуваат сложени коалициски разговори за формирање влада.

Билјана Ставрова

Предвремени избори вo Бугарија – коалицијата на Рaдев фаворит – граѓаните уморни од честите изборни циклуси

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе